Премиерот на Србија Александар Вучиќ е во дводневна посета на Москва, каде што се сретна со претседателот на Русија, Владимир Путин. Тој му се обрати на Путин на руски јазик.
„Би сакал да ве замолам за лична, но и поддршка на руската федерација за зачувување на територијалниот интегрититет и суверинититет на Србија“, рече Вучиќ.
Според српските медиуми, Вучиќ изразил надеж дека рускиот претседател наскоро ќе го потпише указот за вооружување на Србија.
Станува збор за испораката на 30 борбени околопни возила, 30 тенкови и уште шест борбени авиони „МИГ 29„
Белгардските медиуми пишуваат дека во рамките на договорот за воено техничка соработка се предвидува Србија да произведува руско оружје, за трети пазари, но откриваат и дека Вучиќ барал рускиот антиракетен систем да и биде испорачан на Србија, за кој рекол дека е потребен за да се гарантира безбедноста на Србија.