17.8 C
Skopje
Tuesday, April 16, 2024
Платено политичко рекламирање

Дали ДУИ полека се откажува од „Европскиот фронт“? Груби соопшти – имаме повеќе можни кандидати за претседател

Иницијативата на СДСМ за започнување на широк Европски фронт на сите политички и општествени чинители, коишто како што велат го поддржуваат членството на земјата во ЕУ, нема да биде поддржана од ДУИ? 

Кон крајот на 2023 година почнаа да кружат шпекулациите, но и партиските извори од СДСМ и ДУИ кои изнесуваа информации дека наводно овие две политички партии ќе формираат „Европски фронт“ и заеднички ќе настапат на парламентарните, но и на претседателските избори.

Сепак, во текот на вчерашниот ден сценариото на здружени сили меѓу Ковачевски и Ахмети како да исчезна од реалноста бидејќи како што истакна самиот претседател на СДСМ, тие ќе имаат свој претседателски кандидат а на ДУИ е дали тие ќе го поддржат или пак ќе си кандидираат свој претседателски кандидат.

– Оние кои сметаа дека треба да настапат со свој кандидати, тоа е нивно право, ние сме демократско општество. Нашиот кандидат за претседател и сега и во минатото, како и нашите влади покажале дека со нас има Европска Македонија, има Македонија во полноправно членство во НАТО. Со другите нема, а тоа се покажало 11 години и четири пред тоа, ниту има ЕУ, ниту има НАТО, изјави Ковачевски, додавајќи дека името на претседателскиот кандидат на СДСМ ќе се знае кон крајот на овој или на почетокот на следниот месец.

Ковачевски истакна дека во последните неколку денови немал средба со Ахмети, но најави оддржување на таква средба во блиска иднина.

Од друга страна, досегашниот вицепремиер и најблизок соработник на Ахмети, Артан Груби рече дека Демократската унија за интеграција неделава ќе го објави претседателскиот кандидат.

– Убедувањето на Ахмети оди тешко. Го знаете неговиот став: Јас сум мисионер и не сум функционер. Не сум во политичка партија, ниту во политиката за да добијам функција, туку за мисијата да ми биде успешна. И пред тој аргумент мора сите да се повлечеме. Но, ако прашате кој било член на ДУИ, кој било гласач на ДУИ, секако дека ќе се определи за Али Ахмети – рече Груби во емисијата „360 степени“.

Прашан за тоа кој би можел да биде кандидатот, Груби рече дека ДУИ сѐ уште нема одржано состанок за претседателскиот кандидат, но дека се споменуваат повеќе имиња како можни кандидати, почнувајќи од потпретседателите, секретарите, ветераните на партијата, а опција се и кандидати кои не се членови на ДУИ.

поврзани објави

- Advertisement -

Последни објави