18.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

Мохамед посвоил 80 деца кои боледуваат од неизлечлива болест и кои нема кој да ги чува: „Ги оставаат во болница, а повеќето од нив немаат ниту име“

Мохамед Бзеек го посвети својот живот повеќе од 30 години на прифаќање деца во згрижувачко семејство. А повеќе од осумдесет од нив го нашле своето засолниште во неговиот дом во Лос Анџелес. 65-годишниот поранешен либиски имигрант го посветил својот живот на грижата за смртно болните деца кои немаат кој друг да се грижи за нив во последните недели од нивниот живот.

Пред повеќе од 40 години, Бзеек пристигнал во САД за да студира електронско инженерство. Тој се оженил со својата покојна сопруга и станал државјанин на САД во 1997 година. Сега живее како вдовец во Лос Анџелес, каде што е еден од ретките згрижувачки родители кои се грижат исклучиво за смртно болни деца. Неговата приказна се најде на насловните страници во 2019 година кога LA Times објави приказна за неговата работа.

Тој ја доби меѓународната добротворна награда од фондацијата „Дијанет“, а неговиот живот беше инспирација за да се направи документарен филм во режија на Ансар Алтај.

„Во 1995 година, решивме да посвоиме сирачиња оставени во болници или земени од нивните семејства од државата поради семејно насилство или запоставување“, објаснил Бзеек, кој бил маратонец пред да дојде во Америка.

Единствената куќа во Лос Анџелес која прима сираци и деца, чии денови од животот се одбројани поради болест, е неговата куќа. А 80 деца го нашле своето засолниште таму од 1989 година. „Десет деца ги загубија животите во моите раце“, се сеќава тој.

„Повеќето деца немаат ни имиња“

Социјалните служби на Лос Анџелес тесно соработуваат со Бзеек.

„Знаат кога ќе умрат децата и прашуваат дали можам да ги посвојам. Знаат дека не се двоумам да ги прифатам. Ако не се согласам, ги испраќаат во болница и тоа значи дека децата нема да имаат семејство или дом. Меѓутоа, кога ќе ги земам, тие чувствуваат барем семејна атмосфера. Тие се безбедни и сакани до крајот на нивниот живот“.

Во многу случаи на децата им дава имиња, како и засолниште и љубов.

„Тие родени се во болница и оставени се. Повеќето семејства не им даваат ниту имиња. Само пишува момче или девојче, па јас ќе им дадам име“.

Софи Кифер, која работи во одделот за детска палијативна нега, неодамна се сретна со Мохамед и напиша за нејзиното искуство за Меѓународната мрежа за детска палијативна нега.

Медицинска сестра му помага

Во изминатите шест години, Мохамед работи со медицинска сестра која доаѓа секој ден за да може да прави мали паузи, да извршува обврски и да се моли во џамијата.

По написот во ЛА Тајмс, тој доби големо медиумско внимание. Еден онлајн-коментатор го нарече Бзеек муслиманската Мајка Тереза, а друг отвори сметка на GoFundMe на негово име – нешто за што самиот Мохамед не знаеше додека компанијата не го контактираше.

Донациите ќе бидат поттик за 1.600 долари месечно и тој планира парите да ги вложи во реновирање на својот дом за да им обезбеди на болните деца најдобри можни услови за живот во него.

поврзани објави

     

Последни објави