23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

БИЛ ВРАБОТЕН ВО „МЕКДОНАЛДС“, РОДЕН ВО ЖИРОВНИЦА Познат е идентитетот на убиенот 32-годишен Македонец во Германија

Познат е идентитетот на убиениот Македонец во Есен, Германија, кој по препирка со двајца државјани на африканската држава Еритреја го загуби животот.

Според извори во неговото родно село Жировница во Маврово-Ростуше на коишто се повикува порталот Експрес, се работи за Емре Исмаили на возраст од 32 години кој бил на привремена работа во Германија.

Неговите соселани го опишуваат како „златно дете“ кое се нашло на погрешно место во погрешно место. Емре бил на некоја прослава и дошло до расправија со двајца Еритрејцикои со пивски шишиња го претепале до смрт.

Исмаили работел како помошник-менаџер во Мекдоналдс.

На инцидентот во кој Исмаили го загубил животот му претходела расправија која завршила со трагедија.

Неговите пријатели го опишуваат Емре како голем патриот кој си ја сака Македонија и често се фотографирал со дрес од македонската фудбалска репрезентација.

Имено, во неделата рано изутрина околу 2 часот по полноќ, двајца Еритрејци на возраст од 25 и 29 години влегле во вербална расправија со Македонецот по што расправијата прераснала во брутална тепачка.

Според информациите за инцидентот, двајцата Еритрејци го тепале Македонецот со пивско шише.

Осомничените сторители потоа побегнале кон главната железничка станица, а сведок на инцидентот му пружил прва помош и се обидел да го реанимира повредениот, кој веќе бил во несвест – но веќе било доцна.

– Тој беше однесен во болница, но таму почина кратко време подоцна од сериозните повреди – изјави портпаролот на полицијата во Есен.

Откако од сведоци добила добар личен опис на убијците, полицијата успеала да ги уапси двајцата осомничени, еден на железничката станица во Есен, а другиот на железничката станица во Милхајм.

Двајцата добиле притвор од судот во Есен каде ќе го чекаат судењето за убиство.

поврзани објави

Последни објави