19.8 C
Skopje
Friday, April 25, 2025

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ НЕ БИЛ ХОМОСЕКСУАЛЕЦ Грција бесна поради новиот документарец на Нетфликс

Документарната серијата „Александар: Создавање на бог“ со Бак Брејвејт во главната улога, што се емитуива на Нетфликс, се соочува со остри критики од грчките медиуми, Министерството за култура, како и од Парламентот.

Лина Мендони, грчката министерка за култура, ја критикуваше документарната драма како „фикција со исклучително слаб квалитет“ и „ниска содржина, полна со историски неточности“.

Нејзините коментари дојдоа во време на јавен бунт поради прикажувањето на романтична врска меѓу кралот Александар Велики и неговиот пријател, војсководецот Хефестион. Локалниот грчки весник „Елефтерос Типос“ ја нарече серијата „искривување на вистината“ и го обвини филмот „Александар“ на Оливер Стоун од 2004 година за покренување „пропагандна кампања за хомосексуалноста на Александар“.

Како што пишува Гардијан, Димитрис Нациу, претседател на десничарската политичка партија Ники, ја нарече серијата „жална, неприфатлива и неисториска“ и рече дека таа има за цел „сублиминално да ја пренесе идејата дека хомосексуалноста била прифатлива во античко време, што е елемент без основа“.

поврзани објави

     

Последни објави