32.8 C
Skopje
Tuesday, July 16, 2024

Во време на ВМРО со една минимална плата можеше да се купат 170 четвртини бурек, сега може да се купат 270, му порача Ковачевски на Мицкоски

Бурек економија во современата економска наука не постои. Во време на ВМРО-ДПМНЕ, со мининалната плата можеше да се купат 170 четвртини бурек, а со сегашната може да се купат 270 четвртини бурек.

Ова му го порача лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој пред неколку дена тврдеше дека пред неколку години со помалку пари граѓаните поубаво живееле и рече дека пред неколку години можеше да се купи четвртина бурек со јогурт за 50 денари, додека сега тоа чини 120 денари.

– Advertisements –

-Во времето на владата на ВМРО-ДПМНЕ, кога советник беше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски минималната плата беше осум илјади денари и беа потребни 4,5 минимални плати за една потрошувачка кошница. Сега се потребни две минимални плати за една потрошувачка кошница или ако во бурек сакате да пресметате во тоа време со една минимална плата можеле да се купат 170 четвртини бурек, а денес може да се кушат 270 четвртини бурек и тоа добар бурек од „Мирела“ од Куманово, рече Ковачевски во гостување на Сител.

Тој порача дека СДСМ и коалицијата ќе имаат повеќе пратеници на изборите од ВМРО – ДПМНЕ. -И следниот мандатар на 9 мај на Денот на победата над фашизмот повторно ќе бидам јас и ќе ја формираме про-европската Влада со која што до 2030 година ќе влеземе во ЕУ, рече Ковачевски.

поврзани објави

Последни објави