16.8 C
Skopje
Tuesday, April 16, 2024
Платено политичко рекламирање

Ковачевски: Во мојот втор мандат како премиер 1.000 евра просечна плата и минимална плата од 600 евра

Во мојот втор мандат како премиер, ќе работиме да дојдеме до над 1.000 евра просечна плата и минимална плата од 600 евра, и ова ве уверувам дека со правилни политики е достижно, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во Штип во обраќањето при отворањето промотивен штаб на СДСМ.

Со напорна работа, нема недостижна цел. Никој не веруваше дека 500 евра просечна плата до 2024 година е можно и остварливо. Но како што знаете, тоа ветување, СДСМ предвремено го исполни. Денес просечната плата изнесува 650 евра. Така ќе биде и овој пат“, рече Ковачевски.

Кажа дека е направена долгорочна системска промена и за покачување на пензиите. „ Просечната пензија денес е за 6.400 денари поголема во однос на 2016 година а минималната пензија за речиси 50% повисока. СДСМ овозможи пензионерите во просек да добиваат 6.000 денари повеќе“, додаде Ковачевски.

СДСМ, како што кажа, и понатаму ќе се бори за Северна Македонија да биде успешна држава во која секој наш граѓанин ќе има достоинствен живот од својата заработена плата, држава во која младите ќе добијат квалитетно образовани, држава во која здравствената заштита ќе биде на највисоко ниво, во која секој граѓанин ќе биде почитуван, ќе живее во демократија, во држава во која законите важат подеднакво за сите.

поврзани објави

- Advertisement -

Последни објави