14.8 C
Skopje
Tuesday, April 16, 2024
Платено политичко рекламирање

Што мислите, колку е минималната плата во Русија? Путин се фали, до 2030 година ќе биде ДВОЈНО ПОГОЛЕМА

За време на своето обраќање пред Сојузното собрание на Русија во четвртокот, рускиот претседател Владимир Путин рече дека сојузната минимална плата во земјата треба да се искачи на 35.000 рубљи (околу 355 евра) месечно до 2030 година, пренесува Медуза.

– Од 2020 година, минималната плата се зголеми од 12.000 рубли на 19.000 рубли месечно. До 2030 година минималната плата би требало речиси да се удвои на 35.000 рубли, најави Путин.

Сегашната федерална минимална плата во Русија е 19.242 рубли (околу 195 евра) месечно. Од почетокот на 2023 година до почетокот на 2024 година минималната плата е зголемена за 18,5 отсто.

Во Хрватска минималната плата за 2024 година е 840 евра бруто, што е 677 евра нето.

Во Македонија минималната плата е 374 евра нето.

поврзани објави

- Advertisement -

Последни објави