23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

СДСМ денес на конгрес се очекува да ја официјализира поддршката за втор мандат на Пендаровски

СДСМ денес во 18 часот ќе одржи конгрес на кој се очекува да ја официјализира поддршката за втор мандат на актуелниот претседател, Стево Пендаровски.

Предвидено е најпрвин да се одржи работниот дел од Конгресот, по што медиумите ќе можат да го проследат обраќањето на поддржаниот кандидат за претседател на државата, соопшија од прес-службата на СДСМ.

Пендаровски во петокот објави дека ќе се кандидидира за втор мандат. Изрази очекување дека СДСМ ќе ја формализира поддршката за неговата кандидатура на конгресот, по што од понеделник ќе почне со разговори и со десетте партии од таа коалиција, кои најавиле дека ќе го поддржат во трката за претседател. Пендаровски ги повика граѓаните од 3 март да го поддржат и со собирање на потписи.

Пендаровски при објавата на кандидатурата посочи дека зад себе има мандат без ниту една стратешка грешка, без корупциска афера и случај на непотизам поврзан со него, неговото семејство, роднините и соработниците. Тој рече дека покажал оти може да биде независен од кои било центри на политичка моќ, вклучително и оние што го поддржале на избори.

„Никој не ме контролира или не ги диригира моите одлуки“, рече Пендаровски.

поврзани објави

Последни објави