37.8 C
Skopje
Sunday, July 14, 2024

Др. Несторовиќ тврди: Кој го пие овој витамин, на него не застанува комарец

Докторот Бранимир Несторовиќ советува како да се заштитите себеси и вашите најблиски од досадните комарци на сосема природен начин.

„Постојат едноставни, природни начини да се одбијат комарците, како што е употребата на витамин Б комплекс, особено витамин Б1, кој има мирис што ги одбива женските комарци – оние што касаат.

„Кога го пиеме овој витамин, комарците бегаат затоа што мирисот на пот им е непријатен, а слично дејство има и лукот“, тврди Несторовиќ за „Линк ТВ“.

Несторовиќ исто така ги спомна копривите, според него ова растение има особен ефект во одбивањето на инсектите.

„Копривите убиваат сè што постои. Наберете коприви и ставате ги во фрижидер 5 дена во вода, потоа со таа вода испрскајте ја куќата/домот и ќе видите дека инсектите ќе исчезнат за неколку часа“, тврди тој.

Старите растенија како копривата со текот на времето развија одбранбени системи кои ги штитат од вируси, бактерии, габи и други растенија, па затоа се ефикасни.

Доколку се појави убод, чешањето е еден од најголемите проблеми, а како решение Несторовиќ предлага друг стар рецепт – еозин.

„Еозинот помага, црвена боја што се нанесува го намалува чешањето и спречува инфекција. Но, ако се направат плускавци и красти, тогаш не вреди, и на ред е новиот стар лек – цинк оксид – маст што ја нарекуваме маст од цинк и која може да се нанесува неколку пати на ден, бидејќи има антисептично и антиалергиско дејство“, објаснува Несторовиќ.

поврзани објави

Последни објави