7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Напладне продолжува конститутивната седница

Денес напладне ќе продолжи конститутивната седница на Собранието, на која се расправа за избори на претседател, заменик-претседател, како и членови и заменик-членови на Комисијата за избори и именувања.

Единствен предлог за претседател на Собранието до сега е Талат Џафери, откако вчера 20 пратеници поднесоа предлог. Сепак, разврската не дозволува да дојде до гласање за ова прашање, поради репликите и контрарепликите пред се од пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

За верување е дека истата разврска ќе продолжи и денес и повторно нема да има избор на претседател, па ќе се дебатира за платрофмата на Албанците.

поврзани објави

Последни објави