16.8 C
Skopje
Tuesday, April 16, 2024
Платено политичко рекламирање

Седум кандидати на ливчето за претседател – што не очекува?!

Претседателски избори со најдолго ливче за избор. Засега и официјално, за првпат во истријата на Македонија седум кандидати влегуваат во трката за нов шеф на државата.

Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова и на СДСМ Стево Пендаровски по вторпат ќе ги одмеруваат силите, откако и на претходните избори во 2019-та влегоа во вториот круг, од вкупно тројца кандидати.

Во 2014-та пак, довербата од граѓаните за петгодишен мандат ја бараа Стево Пендаровски и Ѓорѓе Иванов, кој однесе победа. Иванов успеа да освои поголем број на гласови и на изборите во 2009-та, кога негов опонент беше Љубомир Фрчковски.

На третите непосредни претседателски избори во 2004-та од четворица кандидати, најмногу гласови обезбеди Бранко Црвенковски.

Најблиску до моменталната состојба беа изборите во 1999-та кога во трката за претседател влегоа шестмина, а победи Борис Трајковски. На првите претседателски избори во 1994-та Киро Глигоров е избран уште во првиот круг, а негов против кандидат беше Љубиша Георгиевски.

На сите изборни циклуси сликата е слична. Власта и сега ќе води кампања со која се фали за сработеното, а опозицијата ќе ја базира кампањата на грешките на власта. Политичкиот аналитичар Владимир Божиновски вели дека и покрај негативната кампања која е очекувана, претседателските избори ќе бидат тест за парламентарните во мај.

И во албанскиот политички блок, негативната кампања нема да изостане.

И во македонскиот и во албанскиот блок веќе потврдените претседателски кандидати не штедат на зборови за своите опоненти. Очекувањата се да бидат искористени сите средства за да се обезбеди глас повеќе.

поврзани објави

- Advertisement -

Последни објави