СДСМ преку соопштение уште еднаш порача дека Македонија наскоро ќе добие нова Влада, а претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски го знае сето тоа, па поради истото избега од државата.
Интегрален текст од целото соопштение:
Неопходно е сите политички субјекти и поединци во државата да ја сфатат својата обврска да овозможат да се реализира мнозинската волја на граѓаните, кои избраа промени, заедништво и очекуваат нова реформска Влада.
Ваквата состојба не носи ништо добро на луѓето, освен на малата група криминалци предводена од Никола Груевски, кои стравуваат за својата слобода, но тоа не смее и нема да биде причина за блокада на државата!
Граѓаните и Република Македонија имаат итна потреба од деблокирање на демократските процеси!
Никола Груевски нема аргументи за политичката криза со којашто до кулминација ги загрозува егзистенцијата на граѓаните, бизнисите, мирот и стабилноста во Македонија.
Да имаше што да им објасни Никола Груевски на граѓаните околу ова што го прави, немаше да ги остави неговите пратеници со апсурдни реплики сами на себе, да одат против нивното човеково достоинство и против достоинството на Парламентот. Ниту пак ќе ги оставеше граѓаните кои ги возменирува со лаги, да ги минуваат деновите сами по улиците. И се тоа додека тој се шета и крие на Малта.
Има парламентарно мнозинство видливо за целата домашна и меѓународна јавност. Има и Програма на новата реформска Влада за унитарана Македонија која носи квалитетен живот за сите граѓани и евро-атлански перспективи.
И волјата на мнозинството граѓани ќе се реализира, бидејќи тоа вистинскиот пат за Република Македонија и тоа е добрата иднина на граѓаните.
Македонија ќе добие нова реформска Влада низ демократски процедури. Тоа е незапирлив процес.