8.8 C
Skopje
Monday, October 28, 2024

НАЈМНОГУ ДОЖД НАВРНА ВО КРИВА ПАЛАНКА На Попова Шапка има 2 сантиметри нов снег

Најниска температура од -3 степени Целзиусови утрово е измерена на Попова Шапка. Следат Лазарополе со -2 степени, 0 во Маврови Анови, Крушево, 3 Тетово, Претор, Берово, 4 Крива Паланка, Охрид, Прилеп, 5 Скопје-Петровец, Битола, Виница, 6 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Куманово, Кавадарци, 7 Струмица, 8 Демир Капија, Велес и 9 во Гевгелија и во Дојран.

За изминативе 24 часа до 7 часот утрово најмногу воден талог е наврнат во Крива Паланка – 19 л/м2м потоа во 10 Гевгелија, 8 Маврови Анови, Лазарополе, Ѓуриште, 6 Штип, Струмица, Куманово, 5 Виница, 4 Охрид, Берово, 3 Скопје-Петровец, Дојран, 2 Претор, Велес и 1 л/м2 во Скопје-Зајчев Рид, Битола, Прилеп, Крушево, Тополчани и во Пожаране.

На Попова Шапка има 2 см снег.

поврзани објави

Последни објави