23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Важна промена за подигнување лични карти: Полицајците повеќе нема да бидат поштари

Важна промена за подигнување лични карти: Полицајците повеќе нема да бидат поштари
Промена во однос на подигнувањето лични документи.

Министерството за внатрешни работи предводено од техничкиот министер Панче Тошковски го поедноставува процесот на издавање лични документи.

Месни полициски станици како база за подигнување

Граѓаните отсега ќе можат самите да ги подигнат личните карти од нивните месни полициски станици.

„Од понеделник започнува нов процес за издавање на лични карти во просториите на месно надлежните полициски станици според местото на живеење на граѓаните наведено во личната карта“, информираа утрово од МВР.

24/7 граѓаните ќе може да подигнат документи

Оттаму додаваат дека секој граѓанин ќе може да пристапи во било кој период од денот, секој ден од неделата, со цел да си ја подигне готовата лична карта.

Полицајците повеќе нема да бидат како поштари

Ваквата промена се должи на тоа што по анализа на доставата до домашни адреси МВР заклучило дека доставата на лични карти на домашна адреса била нецелосна, несеопфатна и недоволно ефикасна. Од Министерството се категорични дека таа го немала посакуваниот ефект кај граѓаните, а исто така и полицајците кои биле задолжени за достава.

За потсетување, ваквиот начин на доставување лични карти започна во јануари, а веќе го доби својот крај.

Подигнувањето за пасош е на страна од ова подигнување на лични карти, а истото се врши на веќе познатите локации.

поврзани објави

Последни објави