11.8 C
Skopje
Wednesday, October 9, 2024

Највкусната ИМУНО ЧОРБА која го јакне организмот

Доколку и деновиве ве мачи настинка или вирус кои се во пораст, време е да направите вкусен оброк за целото семејство кој ќе ви помогне да го зајакнете имунитетот.

Оваа чорба може да биде независно јадење, но можете да ја послужите и со други солени пикантерии како месо, комипир и слично.

Еве како да ја направите наједноставната супа полна со хранливи материи која ќе ви помогне да ја надминете настинката или да го спасите вашето здравје од досадните вируси.

Потребни состојки:

300 г пилешко бело месо
1 главица кромид
2 чешниња лук
3 моркова
1 пашканат
малку целер
100 г ориз
зачини по желба

Начин на приготвување: Кромидот исчистете го, исечете го на коцки и пропржете го на малку масло. Потоа додадете ги ситно сечканите моркови и пашканатот, како и лукот. Целерот изрендајте го и додадете го во смесата.

Кога малку ќе зарумени додадете го месото што сте го исечкале на коцки. Додадете зачини по желба, вегета, пиперка, бибер или кој било зачин што го сакате. Додадете околу половина литар вода и варете околу 15 минути.

Потоа додадете го измиениот ориз и варете уште 15 минути. Кон крајот на готвењето проверете дали е доволно солено и прилагодете го вкусот по желба. Пријатно!

поврзани објави

Последни објави