37.8 C
Skopje
Sunday, July 14, 2024

Познати имињата кои ќе бидат предводници на изборните единици од ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски носител во изборна единица 1

Во Изборна едница 1 носител од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде лидерот на партијата Христијан Мицкоски, во Изборна единица 2 потпретседателот Владо Мисајловски, носител на ИЕ 3 ќе биде Драган Ковачки, во изборната единица 4 ќе биде Александар Николоски потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, во ИЕ 6 носител ќе биде Дафина Стојаноска, а одлука не е донесена само за ИЕ 5, соопшти денеска Христијан Ми Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања за време на престојот во скопската општина Аеродром.

Тој додаде дека според планот на активностите некаде 31 март е предвиден за промоција на листите за пратеници, имајќи предвид дека 2 април е последен рок, а 30 март е денот кога ќе се потпише коалициски договор.

Во однос на програмата се очекува до крајот на месецот во деновите кои следат да има официјална промоција на изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ.

-Има многу убави работи, многу новитети, многу сме внимателни при креирање, не ветуваме премногу и чуда, но тоа што е ветено стоиме позади тоа така ќе ја градиме нашата политика. Дури и споменуваме дека по две години истата таа програма ќе биде ревидирана и надградена откако реално ќе ги видиме ресурсите со кои ќе располагаме. Бидејќи она што го имаме информација дека она што ќе го наследиме од оваа влада на СДС и ДУИ е навистина аларматно и би рекол катастрофално, државата е пред една катаклизмична состојба, изјави Мицкоски.

поврзани објави

Последни објави