32.8 C
Skopje
Tuesday, July 16, 2024

Биткоинот падна на 61.091 евро

Откако минатата среда достигна рекордно високо ниво од 67.513 евра, „биткоинот“ доживеа остар пад на вредноста на 59.866 евра во саботата, а цената на еден токен изнесува 61.091 евра во моментот на пишување.

Овој пад аналитичарите го припишуваат на бранот ликвидации на „биткоин“ и други криптовалути, особено меѓу „китовите“, односно поединци и субјекти кои имаат акумулирано голем број токени.

Само во четвртокот беа ликвидирани криптовалути во вредност од 752 милиони долари, најголемото еднодневно повлекување од мај 2023 година, според податоците на Into The Block.

Друга причина за падот на вредноста на „биткоинот“ е неочекуваниот пораст на инфлацијата во САД и затоа се очекува претседателот на Американската централна банка, Џером Пауел, по средбата со своите колеги во среда да ги задржи каматните стапки на нивното сегашно ниво.

Сепак, Индексот на страв и алчност (Fear and Greed Index)врзан за „биткоин“ денес изнесува 79, што е во категоријата „екстремна алчност“, и значи дека инвеститорите продолжуваат да бидат оптимисти за понатамошниот раст на „биткоин“.

поврзани објави

Последни објави