16.8 C
Skopje
Tuesday, April 16, 2024
Платено политичко рекламирање

ДУИ: Опозицијата со руско сценарио за политички немири по 8. мај

Демократската унија за интеграција со голема загриженост ги следи обвинувањата, клеветите и навредите што опозицијата ги упатува кон кандидатот за претседател, Бујар Османи, како и кон премиерот Талат Џафери, предупредувајќи за руско сценарио кое има за цел политички немири по 8 мај, соопштуваат од партијата која е на власт.

Оттаму велат „координирана со ВМРО-ДПМНЕ на Мицкоски и ЛЕВИЦА на Апасиев, како и во отсуство на изборна програма, коалицијата ВРЕДИ ги засили клеветите против Бујар Османи и Талат Џафери, а не ги штедат ниту семејствата на функционерите, нешто што ги загрижува и граѓаните, но известен е и меѓународниот фактор во земјата“.

„Ја покануваме опозицијата, и албанската и македонската, да води кампања во согласност со европските и демократските вредности, бидејќи се што е против тоа значи оддалечување од Европската унија и приближување до Москва и Путин. Воедно, ја поздравуваме одлуката на ОБСЕ-ОДИХР да ги следи изборите на 24 април и 8 мај со 24 долгорочни набљудувачи и 300 краткорочни набљудувачи, бидејќи сметаме дека овие избори ќе бидат одлучувачки за иднината на земјата – да кажеме `ДА на Европа, НЕ на Русија`. Ја уверуваме јавноста дека ДУИ, како и низ другите години, ќе организира слободни, демократски и меѓународно прифатени избори, а обидите на опозицијата да предизвика криза ќе го добијат заслужениот одговор на 8 мај – кога конечно ќе биде запечатен нивниот пораз“ велат од партијата.

поврзани објави

- Advertisement -

Последни објави