16.8 C
Skopje
Tuesday, April 16, 2024
Платено политичко рекламирање

Не сме исти!

ИСТИ СМЕ! Најидиотскиот, најнедемократскиот, антицивилизациски остаток на озлогласеното едноумие, сé уште живее во лудите глави на остатоците од тоталитарниот режим, што е далеку зад сите нас слободоумни демократски определени луѓе освен за нив, умислените РЕГЕНТИ на своите дедовци и татковци, однапред предодредени да бидат подобри од другите, глупави големи, но празни глави.

Ниту во времето на владеењето на вашите дедовци и татковци, ниту пак сега со вас предводниците на најотровниот плод што вашите предци го посеале, погубен за нашата татковина, НЕ СМЕ ИСТИ.

Во недостиг на аргументи во одбрана на вашето разурнувачко владеење со татковината и понижувањето на македонскиот народ, наеднаш се сетивте: исти сме.

Не постои честит човек во Македонија кој би прифатил да го изедначат со вас одроди и предавници, а да не ви залепи жешка шлаканица или во најдобар случај да не поминете без сочна пцовка упатена кон оние кои ве научиле на вакво декадентно учење и крајно дегенеративно однесување кон македонскиот народ и татковината.

И. Колку што бесот и гневот упатен кон вас е апсолутно оправдан, толку повеќе, неприфатливо и за осудување се сите постапки што толку ревносно ги применував, е перманентно без застанување, во разнебитувањето на сé што е МАКЕДОНСКО.

Кој луд ќе застане покрај вас?

Што мислевте? Заслепени од неограничената моќ што насилно, терористички ја грабнавте, ви дава за право да демонстрирате силна агресија врз македонскиот човек, слободоумен патриот да го изедначете со вас од дното.

НЕ СМЕ ИСТИ. Ние, ВМРО-ДПМНЕ секогаш (22 пати на парламентарни, претседателски, локални избори и референдуми) ве победуваме со народот, со нивната верба во нашите чисти како седумпати прочистено сребро идеи, програми и платформи во корист на граѓаните.

И, сето тоа зачинето со исполнување на ветувањата што сме ги дале и се заветиле пред својот народ, кој пак безгранично ни верува заради тоа.

Потоа со цврсто зацртани црвени линии кои никогаш не ги преминуваме, со јасно утврдени критериуми, правила и начела низ кои што се содржани сите желби на нашиот народ аргументирано, бараме од меѓународната политика, само и ништо повеќе, да биде конструктивна и нелицемерна кон ставовите што самата ги донела како атрибути во корист на човештвото, да ги примени и кон НАПАТЕНИОТ МАКЕДОНСКИ НАРОД.

Така било, така е, и така ќе остане за вел и веков, кај нас во ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа сме поинакви, посебни и за вас никогаш достижни.

А, вие, кутрите, понизни вазали, полтрони кон оние кои се изживуваат и бесрамно онанираат врз силните вредности, уникатни и за нив недостижни, трчате и облетувате како муви без глави околу ним, го КОДОШИТЕ својот народ, го понижувате за вие срамно и лажно да се воздигнете над народот кој повеќе го мразите од колку утврдените му непријатели кои ги имаме.

Кај нив трчате и се натпреварувате кој полошо да каже за народот и татковината, тој подобро да помине. Тоа се вашите перверзни дејанија, сé во ваша лична корист, а на штета, сега не само на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД и МАКЕДОНИЈА, туку и на општата состојба на целокупната општествено граѓанска заедница.

На крај. НЕ СМЕ ИСТИ, и затоа што овој слоган потајно во вашите глави го велича едноумието.

Ако сме исти, зошто избори!?

Оставете нé нас уште некое време да ја завршиме започнатата апокалипса. Да ве оставиме ли да ја уништите државатаи да го изобличете МАКЕДОНЕЦОТ!? – Мисија во вашите болни глави за сопствено гордеење.

Нема да ви успее. Затоа што не сме исти.

Различните од вас во ВМРО-ДПМНЕ ќе ве спречат.

На следните двојни избори, прво ќе ве прегазиме, а потоа ќе ве упатиме таму каде што заслужувате – ПРЕД СУДОТ НА НАРОДОТ.

поврзани објави

- Advertisement -

Последни објави