12.8 C
Skopje
Friday, May 23, 2025

ЕДНО ПАЛТО ГОРЕ, ДРУГИ ПАНТОЛОНИ ДОЛУ Тошковски открива детали за очајната состојба во македонската полиција

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа, открива дека македонската полиција е во очајна состојба, доведена во ситуација кога луѓе мора сами да си шијат униформи за да има што да облечат.

Униформи нема, кошули немаат да сменат, посочува Тошковски додавајќи дека при посета на станиците затекнал полицајци кои имаат работнички панталони.

– Униформа со униформа не можеш да ги споиш. Има полициајци чии униформи се работнички одела. Панталоните не беа дел од униформа. Едно палто горе, други панталони долу. Има луѓе во полиција кои самите си шијат униформи. Самите си конструираат како таа да изгледа во рамките на одреден модел за да имаат пустите што да облечат. Кошули не смениле – вели министерот за внатрешни работи за состојбата во која се наоѓаат вработените во македонската полиција.

Тошковски открива дека голем дел од буџетот на МВР е потрошен на судски постапки.

– Буџетот на МВР знаете ли за што е потрошен? Еве 23 милиони евра се дадени за судски постапки. Од 2016 до 2023 година по основ на налози за извршени судски решенија од Буџетот на МВР, од буџетот на граѓаните се исплатени 23 милиони евра. Тоа се тужби од вработени од полицајци. Ова се информации од јавен карактер. Ама пари за униформи нема. На крајот на денот не е битно дали тие набавиле нешто или не набавиле. Битно е како се чувствуваат полицајците. Битно е каква е перцепцијата на граѓаните. Битно е дали има униформа за зимно време и униформа за летно време. Немаат. Купиле дел униформи за специјалните едниници. Ама не купиле за другите униформирани полицајци. Кошули немаат да сменат. И после ние задоволна полиција, безбедни граѓани. Абе која задоволна полиција?! – вели Тошковски.

Министерот за внатрешни работи истакнува и дека Владата не ја интересира во каква состојба е полицијата

поврзани објави

     

Последни објави