Со новиот реформски Закон за дивеч и ловство креиран партнерски со сите засегнати страни, по европски стандарди, отвараме ново поглавје за ловството и ловџиите.
✅Најсуштествено е дека овој закон излегува од рамките на законот за концесии каде беше заробен цели 27 години.
✅Дивечот сега ќе се дава во една брза, поедноставна постапка врз утврдени критериуми.
✅Се укинува поделбата на крупен и ситен дивеч, со што дивечот се дава на користење на 20 години, а не на 10 како досега.
✅Се продолжува ловната сезона за дивата свиња.
✅Ќе бидат опфатени и некои други птици како ловни видови, кои не беа опфатени досега.
✅Законот дава можност да по истекот на Договорите за концесија, до склучување на нов договор, дивечот и ловиштата ги стопанисува досегашниот корисник.
✅Во Законот е дадена можност за формирање на фарми за производство за месо од дивеч.
✅На Ловечката федерација и дава широки овластувања околу обука и подготовка за полагање на ловечки испит.
✅Воведување на Полигон за лов.
Со 12 концесионери од ловиштата од југозападниот дел разговаравме, и ги потврдивме заедничките заложби за европско ловство, според европски регулативи и стандарди.