8.8 C
Skopje
Monday, October 28, 2024

15-ГОДИШНО МОМЧЕ СПАСИЛО СТОТИНА ЛУЃЕ ПРИ НАПАДОТ ВО МОСКВА Им кажало каде да бегаат, а излегло последно

Ислам Халилов (15) спасил повеќе од 100 луѓе за време на масакрот во Москва, така што ги упатил да бегаат преку еден излез за да ги избегнат терористите.

– Дури кога видов луѓе како бегаат од ескалаторот сфатив дека нешто се случува. Тогаш сфатив дека се работи за терористички напад. Извикав: „Пукање, луѓе, сите, трчајте кон Експо“ – раскажа момчето за рускaта телевизија Раша тудеј (РТ).

Кога новинарот го прашал дали последен си заминал, тој рекол: „Никого не оставив зад себе, сите ги одведов до излезот“.

Тој видел само еден од напаѓачите и го опишал дека имал брада, бил камуфлиран во зелена облека и носел пушка во раката. Останатите не ги видел зашто нападот се случил на вториот кат и не можел да види ништо друго.

Тој рекол дека му верувал на својот инстинкт и сакал да постапи исправно.

На прашање дека можел да загине зашто останал последен, младиот Ислам рекол:

„Подобро да го жртвувам својот живот отколку да загинат сто луѓе“.

Во петокот на 22 март во руската престолнина беше извршен страшен терористички напад во кој загинаа најмалку 137 луѓе, а повеќе од 100 беа ранети. Убиени се и три деца. Одговорноста за нападот ја презеде терористичката организација Исламска држава (ИСИС).

поврзани објави

Последни објави