8.8 C
Skopje
Monday, October 28, 2024

Лукаревска: Ќе водам фер и позитивна кампања, ќе ги сослушам сите граѓани, и оние што нѐ фалат, но и тие што критикуваат

Носителката во Изборната единица 3, од редовите на СДСМ, Сања Лукаревска гостуваше во емисијата „Што мисли народот“ на Телевизија Стар.

На прашањето од новинарот, како ќе ја води изборната трка во „тројката“, Сања откри дека ќе се посвети строго на позитивна кампања, во која секој е битен и секој ќе биде сослушан.

-Кампањата ќе ја водам фер и позитивно. Луѓето сакаат да нѐ слушнат и да нѐ видат, а не да слушнат како го напаѓаме противникот по секој цена. Сакаат да слушнат што нудиме ние, но и другите партии, рече Сања и додаде:

-Би сакала да слушнам и каде што имаме потфрлено, дали граѓаните ќе ни дадат нова шанса. Никогаш не бегам од критика, сакам да слушнам и да реагираме колку е тоа можно, рече Лукаревска.

И самиот новинар, но и јавноста често знае да каже дека СДСМ и тоа што добро го направила, не знае добро да го промовира, односно не го истакнува максимално тоа во јавноста, како што порано правеле други политички субјекти.

-Се согласувам дека понекогаш дел од мерките не доволно се истакнуваат односно промовираат. Но, нашиот став и како партија е да не бидеме како некои во минатото, едноставно е, оние мерки што се добри, граѓаните со тек на времето ги согледуваат и потоа ги поздравуваат, додаде Лукаревска.

поврзани објави

Последни објави