11.8 C
Skopje
Wednesday, October 9, 2024

ДВЕ ЛИЦА СЕ ПРИВЕДЕНИ ЗА УБИСТВОТО НА ЛЕКАРОТ Тошковски открива дека за овој случај веќе се вршат претреси, прегледани се над 50 камери

Во овие моменти се врши претрес на една локација, рече вечерва министерот за внатрешни работи Панче Тошковски гостувајќи во поткастот „Претрес“.

Тој додаде дека две лица се приведени за убиството на лекарот кое се случи пред неколку дена во скопската населба Железара.

– Се врши претрес на одредена локација. Имаме осомничени луѓе за убиството, има одредени материјални траги кои не водат до овие осомничени, две лица се приведени и се надевам дека во најкратко можно време ќе можеме да излеземе со детали за овој дел од истражните дејствија – изјави Панче Тошковски, технички министер за внатрешни работи.

Министерот додава дека досега се преземени 20 истражи дејствија се преземени, прегледани над 50 камери видео записи за 7 дена во овој предмет.

Тошковски додаде дека според првичните наоди, мотивот за убиството не е поврзан со професијата.

Убиениот лекар од Скопје имал 67 години и бил најден со најмалку 9 убоди и искрварен во неговиот автомобил во близина на паркот Железара.

поврзани објави

Последни објави