Уставните измени се топ 10 приоритети кои треба да ги има секоја политичка партија. Ова е нешто што ни овозможува државата да оди напред. Никој не сака да се враќа назад. Тоа е единствениот пат кон ЕУ, вели носителот на 3 ИЕ Сања Лукаревска на ТВ СТАР.
– Може поинаку ако има план. Ние сме ги кажале нашите позиции транспарентно и надвор и во парламентот. Не смееме да дозволиме да ги пропуштаме шансите и поддршката која ни ја дава меѓународната заедница. Можеби ДА, имаме повеќе пречки на патот, можеби чувството кај граѓаните дека имаме премногу задачи во споредба со други земји кои претендираат да станат членки на ЕУ, но мислам дека само заедно сите 120 пратеници идни навистина треба да ја имаат таа заедничка цел. Друга опција немаме.
Со ниту еден коалиционен партнер кој веќе не е во нашата коалиција, не сме се разделиле со караница. Напротив, сме понудиле стратегии и политики и тие да прифатат понуда која според нив е добра. На граѓаните им е здосадено да не гледаат како се караме и сметам дека тоа треба да се надмине.