-1.2 C
Skopje
Monday, January 20, 2025

ИСЧЕЗНАТАТА ЕНИ Е СТИПЕНДИСТКА НА ЕКОНОМСКИОТ ФАКУЛТЕТ Нејзините родители од Албанија веќе пристигнаа во Скопје

Студентката на Економскиот факултет во Скопје, Енкеледа Чела државјанка на Албанија, која е пријавена за исчезната, е Македонка од селото Требиште, област Голо Брдо, потврдија роднини на девојката за Македонската информативна агенција (МИА).

– Енкеледа е стипендист и е втора година на факултет. И средното економско училиште го заврши во Охрид, со одличен успех, како што успешно ги полага и испитите на факултет. Се надеваме дека ќе биде пронајдена здрава и жива – велат блиските роднини на девојката во изјава за МИА и потврдуваат дека родителите веќе се во Скопје.

Тие додаваат дека сите жители во селото и во областа се многу за

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) за МИА порано денеска потврдија дека 20-годишна девојка, по потекло од Албанија, синоќа е пријавена за исчезната.

„На 30 март 2024 година, во 10.30 часот во ПО Петровец, Г. Т. пријавила дека Е. Ч. (20) од Република Албанија се оддалечила од домот во Скопје каде што престојува. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, наведуваат од МВР.

Нејзина пријателка објави апел за помош за нејзино пронаоѓање на Фејсбук и наведува дека девојката последен пат била забележана на бензиска пумпа во скопската населба Илинден. Била облечена во фармерки и црна јакна, а со себе носела ранец.грижени, а и најблиските роднини, нејзиниот брат и трите сестри, но се надеваат дека ќе има среќен крај.

поврзани објави

Последни објави