17.8 C
Skopje
Tuesday, April 16, 2024
Платено политичко рекламирање

Топло и денеска, до 25 степени!

Според УХМР следува период на сончево време со мала до умерена облачност. До петок утринските температури ќе бидат пониски, а преку ден ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Од сабота се очекува пораст на температурите
Денеска времето во земјава ќе биде сончево со мала од умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минималната температура ќе се движи во интревал од два до осум Целзиусови степени, а максималната ќе достигне од 17 до 25 степени.

За Скопје синоптичарите прогнозираат идентично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура во главниот град ќе се спушти до три, а максималната ќе достигне до 23 Целзиусови степени.

Според УХМР следува период на сончево време со мала до умерена облачност. До петок утринските температури ќе бидат пониски, а преку ден ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Од сабота се очекува пораст на температурите.

поврзани објави

- Advertisement -

Последни објави