Голем број спасувачки екипи се распореди на терен обидувајќи се да дојдат до луѓето заробени во урнатините во Хуалиен, градот во чија близина бил епицентарот на земјотресот, како и во други области на островот
Според локалните сеизмолошки служби станува збор за најсилниот земјотрес што го погодил Тајван во последните 25 години, а кој предизвика уривање на згради и лизгање на земјиштето
Најмалку четири лица се пријавени како загинати, а неколку десетици се повредени во разорен земјорес што утрово го погоди Тајван, јавуваат светските медиуми.
Според првичните информации, земјотресот се случил околу 8 часот по локално време, а епицентарот бил на околу 25 километри од округот Хуалиен во источниот дел на островот, пренесува „Гардијан“.
Потресот бил со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала и бил почувствуван низ целиот остров и поширокиот регион.