8.8 C
Skopje
Monday, October 28, 2024

Ковачевски: Точно знаеме што треба да направиме за до 2028 година да завршат преговорите со ЕУ

„Ние веќе имаме извештаи за два кластери добиено, тие се дојдени и точно знаеме што треба да правиме. Ние веќе предложивме во нашата програма зголемување за 50% на платите за оние кои ќе учествуваат во преговорите, точно знаеме со какви ресурси ќе преговараме и точно знаеме дека до 2028 година ќе завршат преговорите и после 2 години ратификација, до 2030 година, Македонија ќе стане земја членка на ЕУ“, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на дуелот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на дуелот на Канал 5.

Тој додаде дека СДСМ има план, термински, со ресурси, со човечки ресурси и со конкретни активности за остварување на членството во ЕУ.

„Се друго е замајување, се друго е неносње на одлуки. Тоа го гледавме 11 години. 11 години ние гледавме некакви преговори со Грција, каде што не се носеше никаква одлука. За да направиш исчекор треба одлука да се донесе, тоа го очекуваат граѓаните“, истакна Ковачевски.

Претседателот на СДСМ додаде дека и при зачленувањето во ОН се фрлало со камења по Киро Глигоров, но денес тој е запишан во историјата како човекот кој ја внесе Македонија во ОН.

„Се фрлаше и кога станувавме членка на НАТО. Знаете што се случуваше. Денес сите се горди на членството во НАТО“, посочи Ковачевски.

поврзани објави

Последни објави