13.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Турци по грабеж во Мрзенци останале без 5.000 евра и часовник „Ролекс“

Двајца  турски државјанин со временски престој во  с.Мрзенци, гевгелиско останеле покуси за 5000. евра и часовник „Ролекс“ во вредност од 7.000 евра по грабеж. МВР во дневниот билтен за случајот го има нотирано следново:

„На 03.01.2017 година во 20.45 часот од СВР Струмица е известено дека во 19.30 часот во с.Мрзенци, гевгелиско, непознат сторител, маскиран и вооружен со пиштол, извршил разбојништво над Л.Д. (28) и А.Ц. (31) од Р.Турција. Пред влезната врата на куќата во која како потстанари живееле Л.Д.  и А.Ц.  сторителот ја турнал Л.Д., по што со пиштолот го удрил А.Ц. во пределот на главата, при што истиот паднал на земја. Потоа му одзел 5000 евра и часовник „Ролекс“ во вредност од 7000 евра, по што побегнал во непознат правец. Увид бил извршен. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот“.

поврзани објави

Последни објави