24.8 C
Skopje
Sunday, May 19, 2024
spot_img
spot_img

Спасовски: Заедно со жителите од Општина Старо Нагоричане, с. Никуљане, Коинце, Младо Нагоричане маало Бузинци – подготвени за голема победа на европската иднина

Заедно со жителите од Општина Старо Нагоричане, с. Никуљане, Коинце, Младо Нагоричане маало Бузинци – подготвени за голема победа на европската иднина!

Создадовме подобри услови за рурален развој, за развој на туризмот и на мобилноста во Североисточниот плански регион. Во Старо Нагоричане воспоставивме водоводна мрежа, бројни реконструирани патишта за модерна инфраструктура, подобрени услови во основното училиште, урбани рекреативни катчиња, субвенции за земјоделците, итн. Во оваа прилика посетив и семејство успешни земјоделци, корисници на владини субвенции.

Сето ова благодарение на градоначалничката Жаклина Јовановска и заменикот Бобан Цветановски кои ги искористија финансиите од Владата – по 50 години запоставеност и 100.000 евра долг само во едно село благодарение на ВМРО-ДПМНЕ, никогаш како овие неколку години не се вложувало во Старо Нагоричане, во рамномерен регионален развој.

Постигнувањата ќе ги продолжиме за подобар, европски живот на граѓаните, за сите сегашни и идни поколенија.

За европска иднина: 50 милиони евра за презадолжените општини!
400 капитални проекти за комунална инфраструктура – сите се важни!
300% поголеми субвенции за сточарите!
Двојно повеќе пари за општините – 5 милијарди денари од даноци!

На 24ти гласаме за нашиот претседател Стево и ќе имаме мотив плус и за парламентарните избори на 8 мај – за двојна победа!

поврзани објави

- Advertisement -spot_img

Последни објави