11.8 C
Skopje
Wednesday, October 9, 2024

Во потрагата по телото на Данка Илиќ, на потегот од селото Злот до местото Шумраковац се приклучија 50 припадници на Жандармеријата

Во потрагата по телото на Данка Илиќ, на потегот од селото Злот до местото Шумраковац се приклучија 50 припадници на Жандармеријата, а акцијата за пребарување на терен ја води началникот на полициската управа Бор, Зоран Милијиќ.

Од моментот кога била пријавена за исчезната на 26 март, во потрагата по исчезнатото девојче учествувале неколку стотици припадници на српското МВР, кои интензивно работеле на детално пребарување на поширокото и потесното подрачје во овој дел на округот Бор.

Како што јавија репортерите на Телеграф од местото на настанот, денеска полицијата опсежно го пребарува патот од Злот кон Шумраковац каде што тече Злоцка река, во потрага по телото на малата Данка Илиќ (2). На половина пат до Шумраковац, противпожарната бригада ја запре екипата на српскиот весник и не дозволи понатамошен премин. Патот е блокиран во тој правец.

Да потсетиме, Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ се осомничени дека на 26 март со автомобил ја удриле малата Данка, мислеле дека е мртва и и го ставиле телото во багажникот, но девојчето било живо и во еден момент се разбудило.

поврзани објави

Последни објави