9.8 C
Skopje
Sunday, November 10, 2024

Шведска донесе закон: Промена на полот ќе биде можна на 16 години

Шведскиот парламент донесе закон со кој се намалува старосната граница за операција за промена на полот од 18 на 16 години.

Според новиот закон, на оние под 18 години и понатаму ќе им треба дозвола од старател, лекар и Националниот одбор за здравје и благосостојба, пишува Асошиејтед прес.

Исто така, пациентите во Шведска за операција нема да имаат потреба, како досега, да имаат дијагностицирана родова дисфорија, која психолозите ја дефинираат како стресно искуство на личност чиј пол не се совпаѓа со нивниот родов идентитет.

Слични закони веќе се усвоени во Данска, Норвешка, Финска и Шпанија.

поврзани објави

Последни објави