24.8 C
Skopje
Sunday, May 19, 2024
spot_img
spot_img

СЕ ИЗГУБИЈА ДВЕ НЕПАЛКИ ВРАБОТЕНИ ВО ОХРИД Газдата пријави дека не се вратиле во домот каде што биле сместени

Вчера попладне во Полициската станица Кисела Вода, бизнисменот В.И. од Охрид пријавил дека две Непалки кои биле вработени во неговата фирма се оддалечиле од домот во кој престојувале во Охрид. соопшти полицијата.

Како што е соопштено станува збор за С.Ц.(41) и Л.С.(25), двете од Непал, кои работеле во охридска фирма.

Полицијата презема мерки за нивно пронаоѓање.

Ова е втор случај на увезени работнички од Непал да ги напуштаат домовите во кои ги сместиле газдите на фирмите во кои се вработени. Првиот случај беше пред две недели во Прилеп кога исто така сопственик на фирма информира дека 4 Непалки го напуштиле живеалиштето.

поврзани објави

- Advertisement -spot_img

Последни објави