23.8 C
Skopje
Thursday, October 3, 2024

КОЛУМНА НА ЈАНЕВСКИ: Крајот на Пендаровски

КОЛУМНА НА ЈАНЕВСКИ: Крајот на Пендаровски

МИЦКОСКИ: ДУИ не смее да има пратеник во ИЕ 3, Ахмети се обидува со крадени пари да тргува со гласови
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е баронот кој ќе го гледа Скопје од хациендата на Водно додека народот нема за лекови

МАКЕДОНИЈА, КОЛУМНИ
КОЛУМНА НА ЈАНЕВСКИ: Крајот на Пендаровски
/ 22.04.2024

Дарко ЈАНЕВСКИ

Заврши кампањата за првиот круг на претседателски избори. Рамката е исцртана, останува финалето во среда. И останува бледата импресија од кампањата на Пендаровски, како еден од двајцата фаворити за вториот круг. Оставен сам на себе од Ковачевски, со слаба, на моменти очајна и мизерна посетеност на митинзите, се чини тука некаде завршува неговата претседателска улога, иако ќе му остане надежта дека во вториот круг ќе му се претоварат гласовите на Албанците.

Направи низа грешки во текот на кампањата, од лошиот избор на неколку спотови (кој ли само го советувал дека може да и парира на Силјановска со спот во кој главната улога ја има неговата сопруга или со оние спотови за „моето кафе“, „мојот бурек“ и што ли уште беше), ги носеше децата на ЛГБТ промоција, до клучната грешка која ја направи пред некој ден со „27 април“ обвинувајќи ја главната противкандидатка дека ќе ги помилувала „насилниците“. Тоа е истиот Пендаровски кој своевремено изјави дека луѓето од 27 април „не се терористи“, што би значело дека лежат во затвор за дело кое не го сториле. Истовремено, тој за себе изјавува дека е легалист, што едно со друго не оди. Не може да оставиш луѓе да лежат во затвор за дело за кое велиш дека не го сториле, а во исто време да тврдиш дека си легалист, односно човек, претседател кој го почитува правото.

Всушност тој требаше помилувањето да го стори пред самиот почеток на кампањата, со што ќе им одвлечеше одреден број гласачи на ВМРО-ДПМНЕ и на Силјановска и ќе извлече голем дел од чергичето од под нозете на неговите противници. Што и да мислат, што и да кажат за „27 април“, недвојбено е дека тоа не беше тероризам и дека Пендаровски имаше шанса тоа да го исправи, а со тоа да порасне во очите на голем број Македонци. Ќе беше човечиште. Тој тоа не го стори, самиот на себе стана контрадикторен со изјавата дека тие луѓе не се терористи и ја стори една од крупните грешки во својот од кон втор мандат.

Сето тоа се вклопува во бледиот впечаток со кој се покри во текот на изминатите пет години, во кои не остави белег по кој би можел да биде запаметен. За тоа очигледно се свесни и во СДСМ, па затоа и го оставија сам да се „бори“ пред малиот број симпатизери кои ги посетуваа неговите митинзи и настапи. Не е јасно зошто повторно го кандидираа, но од друга страна, кој и да беше, тешко дека ќе настапуваше поинаку. На СДСМ и Пендаровски едноставно им недостасува победничка атмосфера, што се должи на општиот впечаток кој е надвиснат врз партијата што го кандидираше, чиј главен проблем е корупцијата од која Пендаровски не се дистанцираше. Да, призна во неговите говори дека со борбата со корупцијата се застанало на половина пат (што не точно, бидејќи се застана на почетокот, а не на половина пат, додека корупцијата едноставно ја „изеде“ Македонија), дека биле правени грешки, но тоа признание, прво, беше премалку експлоатирано од неговиот очигледно лош штаб, и второ, не помина кај граѓаните. Поради што имаше дури и смешни митинзи како тој во Кисела Вода, кога имаше повеќе луѓе на бината отколку на платото пред бината.

Оттука се чини, неговата улога е завршена. Последна надеж му се гласовите на Албанците во вториот круг, но се чини дека и таа надеж ќе остане празна. Ова не е 2019 година, ниту 1999 година кога Борис Трајковски со полнење на кутиите во албанските средини и со претовар на албанските гласови ја надомести огромната разлика која Тито Петковски ја оствари во првиот круг. Овој пат, по се изгледа барем половина од Албанците не се подготвени да служат како монета за поткурусување во борбата меѓу Пендаровски и Силјановска и нема да му ја донесат победата во вториот круг. Посебно, ако Силјановска оствари значителна разлика.

Уште повеќе што, ќе биде крајно нелогично Таравари и албанската опозиција кои според анкетите „држат“ половина од гласовите на Албанците во Македонија, да глумат фронт наспроти актуелната влада, а да ги повикаат своите симпатизери во вториот круг да го поддржат пуленот на власта, посебно што и самите се свесни дека претседателот нема никаква улога во уставните измени кои се услов на албанската опозиција за коалиција.

Така што, се чини дека резултатот во среда е познат. Не е позната само разликата помеѓу двајцата кандидати и не познато како ќе се однесуваат во вториот круг гласачите на останатите тројца кандидати од македонска националност (Ванковски, Димитриевски и Јакимовски) иако се чини дека во оптимистичко сценарио за Пендаровски и тие гласови ќе се поделат меѓу него и Силјановска, што нема да може да му донесе пресврт.

Пендаровски ќе има многу време да размислува зошто доживеал пораз иако листата е долга. Сумирано, освен една од клучните стретешки грешки што ја направи со „27 април“, сумирано, се

поврзани објави

Последни објави