17.8 C
Skopje
Tuesday, November 5, 2024

[ФОТО] Милионер се откажал од сè и станал бездомник за да докаже дека секој може да заработи милиони: Потоа му се случило најлошото нешто на светот од кое не може да закрепне

Мајк Блек намерно се откажал од својата успешна компанија, милионите и станал бездомник заради социјален експеримент за да докаже дека е способен да започне од нула и да заработи милион долари за 12 месеци.

Пред четири години, среде пандемијата на ковид-19, Мајк Блек ја напуштил својата милионска работа и сите придобивки што ги имал во животот и го започнал животот како бездомник, пишува британски „Метро“.

Ја „исчистил“ банкарската сметка, се поздравил со семејството и тргнал во обид да докаже дека може да се врати за 12 месеци со милион в рака.

Предизвикот „враќање од милион долари“ е создаден со желба да ги инспирира другите и да докаже дека е можно да успееш и покрај тоа што немаш ништо.

Во една видеоснимка, тој објаснил дека неговите први чекори биле наоѓање бесплатно место за спиење, во замена за работа.

„Подготвен сум да спијам на под, на кауч, не е важно“, рекол тој.

На крајот, Блек стапил во контакт со странец на сајтот Крегслист (Craigslist) кој му дозволил бесплатно да спие во комбето.

Ова му овозможило на Блек да почне да работи на своето враќање, а неговиот прв потег бил фокусиран на продажба на мебел на Крегслист за профит.

На страна, тој исто така почнал да работи други работи како телемаркетинг и испорака.

„Една од најдобрите работи за продажба се масите. Почнав да земам огласи на Крегслист во бесплатниот оддел, да ги ставам на Фејсбук маркетплејс (Facebook Marketplace) и да ги продавам за профит. Се претставив како посредник, водејќи ја сета логистика помеѓу купувачот и продавачот“, рекол тој.

Вториот ден Блек заработил 250 долари и го заштедил секој цент. За време на оброците јадел само грав и обични шпагети.

Следната фаза од планот на Блек била да открие каков бизнис сака да започне. Првата идеја била да започне бизнис во областа на чистење деловни простории, подоцна одлучил да основа бренд за кафе, кој приходите ги донирал за спасување животни.

Но, за жал, Блек претрпел низа сериозни неуспеси во својот експеримент, од кои првиот се случил кога на неговиот татко му бил дијагностициран рак на дебелото црево во четврта фаза.

И покрај обидите да се справи и да продолжи, Блек тогаш и самиот почнал да страда од здравствени проблеми – вклучувајќи две автоимуни болести и тумор на колкот. Но, со оглед на тоа што останале уште два месеци од експериментот, Блек на крајот донел одлука да го заврши проектот.

извор: точка – целиот линк прочитајте го на ТОЧКА

поврзани објави

Последни објави