20.8 C
Skopje
Thursday, October 3, 2024

Максим Димитриевски: Не ме изненадува ароганцијата на тие што ја згазија социјалдемократијата

Изјавата на Димитриевски, кој заедно со членови и симпатизери на „Движњето ЗНАМ“ во Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце го одбележа 1 Мај – Денот на трудот, беше негов одговор и порака до неговата поранешна партија СДСМ, од каде ги одбија барањата што тој ги испорача вчера како услов за можно коалицирање

Тие коишто дозволија да се отвораат клубови на странски држави во текот на нивниот мандат и ја згазија не само социјалдемократијата туку и Илиндеската и АСНОМ-ската идеја во целост во државата не обвинија дека сме човек партија. Нивната ароганција е ненадминлива. Со тоа навредија покрај мене уште 84 000 и повеќе граѓани на оваа држава.

Ова денеска во изјава за медиумите го кажа лидерот на „Движењето ЗНАМ – За наша Македонија“, кој беше кандидата за претседател на државата, но не го мина првиот круг од трката за шеф на државата.

Изјавата на Димитриевски, кој заедно со членови и симпатизери на „Движњето ЗНАМ“ во Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце го одбележа 1 Мај – Денот на трудот, беше негов одговор и порака до неговата поранешна партија СДСМ, од каде ги одбија барањата што тој ги испорача вчера како услов за можно коалицирање.

Димитриевски во изјавата одговори и на вчерашната порака на лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски кој во врска со условувањата на лидерот на ЗНАМ од митингот во скопската општина Аеродром рече дека раководството на СДСМ го бираат членовите на СДСМ кои се наследници и на НОБ, АСНОМ и на Киро Глигоров, а не вазали кои се предале и отишле да шуруваат со наследниците на Ванчо Михајлов.

„Сакам да испратам порака до тие коишто обвинуваа за соработка со ванчомихајловисти, итстите тие коишто дозволија да се отвораат клубови на странски држави во текот на нивниот мандат и ја згазија само социјалдемократијата туку и Илиндеската и АСНОМ-ската идеја во целост во државата не обвинија дека сме човек партија. Нивната ароганција е ненадминлива. Со тоа навредија покрај мене уште 84 000 и повеќе граѓани на оваа држава. Но, како и да е ние позитивно продолжуваме понатаму и чест ми е што денеска токму овде традиционално во Меморијалниот центар Пелинце каде што се удрени темелите на современата македонска држава, на АСНОМ гледам голем број на мои поранешни соборци, сопартијци, социјалдемократи коишто се придружија на овој настан којшто го организира „Движењето ЗНАМ – За наша Македонија“,

р

поврзани објави

Последни објави