7.8 C
Skopje
Saturday, April 20, 2024
Платено политичко рекламирање

Ји: Косово ја има безрезервната поддршка на САД

Заменикот-помошник на американскиот државен секретар за евроазиски прашања Хојт Брајан Ји изјави во Приштина дека Косово ја има безрезервната поддршка на САД.

Ји во Приштина во рамки на официјалната посета на Косово се состана со претседателот на косовското Собрание, Кадри Весељи, со кого разговараше за актуелната ситуација на Косово и во регионот.

Тој на Весељи му ја потври силната поддршка на патот на евроатланската интеграција, изразувајќи безрезервна поддршка за Косово.

Тој меѓутоа побара економската развојна политика, зголемувањето на транспарентноста, доброто управување и борбата против корупцијата да бидат приоритет на приштинските институции.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави