11.8 C
Skopje
Wednesday, October 9, 2024

Митева на вонредна пресконференција: БИТИЌИ ЈА ЗЛОУПОТРЕБИЛ СВОЈАТА ПОЗИЦИЈА Како вицепремиер барал од компаниите да гласаат за него

Ова писмо е доказ за злоупотреба на позицијата вицепремиер и на државните ресурси во политичка кампања од страна на СДСМ. Имено Фатмир Битиќи, коносител во ИЕ 2 на 29 април 2024 година испраќа писмо злоупотребувајќи ја својата позиција како вицепремиер, и неговата обврска да работи за компаниите и бизнис секторот -објави портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева на денешната вонредна прес-конференција.

– Битиќи упатува апел и директно вели, цитирам: Го барам вашиот глас, а притоа потенцира дека го водел секторот, кој помогнал со финансиска поддршка од над 100 милиони евра.

Потенцира дека за да продолжат овие позитивни политики за поддршка на бизнисот и во иднина, цитира дел од партиската програма за изборите, во која ветува зголемување на на овие средства во износ од 180 милиони евра.

поврзани објави

Последни објави