11.8 C
Skopje
Wednesday, October 9, 2024

Критики кон ДУИ и од ВМРО и СДСМ: Ахмети не е посакуван владин партнер!

Нема влада без Бадентер, а Бадентерот можело да го обезбеди само ДУИ. Интегративците на Али Ахмети притискаат по секоја цена да бидат дел од новото владино мнозинство по изборите на 8 мај, независно од тоа кој ќе го добие мандатот за составување на влада. Иако критики кон ДУИ стигаати до СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ што ги прави непоскауван партнер, од ДУИ децидни дека само тие се гаранција за стабилност и мир во државата.

Наспроти заложбите на ДУИ, од ВМРО-ДПМНЕ која има најголеми шанси да ја составува Владата, јасно велат дека принципот победник со победник не важи повеќе и не блефираат кога велат ДУИ ќе остане опозција.

„Со Али Ахмети е исклучена секаква соработка во било која варијанта, во било која форма, на било кој начин нема да има соработка со Али Ахмети. Ние сме многу сериозни дека ДУИ ќе оди во опозиција“, коментира потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никилоски.

Од алабанската опозиција „Вреди“ веќе размислуваат на распределба на ресори со ВМРО-ДПМНЕ.

И од ЗНАМ на Максим Димитриевски задоволни од одговорот на Мицкоски дека нема никаква соработка со крилот на Заев, па се подготвуваат и тие да бидат дел од новото мнозинство.

Политичка криза не опција ни за СДСМ, влада формира тој што има 61 пратеник, вели Ковачевски.

Но, клучно за формирање на Влада може да биде и начинот на кој ќе се однесуваат партиите на 2 круг од претседателските избори. Од ВМРО-ДПМНЕ незадоволни од тоа што помалите не даваат отворена поддршка на Силјановска.

До денес ја немаат поддржано Гордана Силјановска Давкова што е најнормалната работа да ја направат ако се опозиција. Што значи дека или немаат елементарно чувство за државата или се заслепени од сопствениот неуспех и тоа што не можат да си го признаат неуспехот или свесно или несвесно работат за ДУИ и Али Ахмети односно за власта“, вели Николоски

По ваквите коментари, иако не изречно за Силјановска, и од коалицијата Вреди и од ЗНАМ повикаа гласачите на 8 мај

поврзани објави

Последни објави