24.8 C
Skopje
Sunday, May 19, 2024
spot_img
spot_img

ЌЕ ГИ ЗАБРАНИМЕ БРЗИТЕ КРЕДИТИ Апасиев предлага и поголем данок за богатите

Во рамки на економските мерки во Програмата на Левица, во интервју за ТВ Стар, претседателот на Левица и Носител на ИЕ1, Димитар Апасиев, истакна дека во поглед на економијата предлагаат два столба – антилихварско законодавство и прогресивен данок.

– Првиот ни е антилихварското законодавство со коешто ќе регулираме максимални каматни стапки на давање кредити од банките. Исто така, ќе ги забраниме брзите кеш кредити, коишто го водат народот во должничко ропство. А од друга страна тоа е даночната реформа – единствена партија сме којашто предлага прогресивен данок. Тоа значи богаташите да плаќаат повеќе отколку работниците – рече Апасиев.

Изборите последниве години се паѓаат во работен ден. Првиот круг на претседателските избори се падна на 24 април 2024 година – среда. 8 мај 2024 година е повторно среда. Многу луѓе во приватниот сектор се на работа. Многумина работат во други градови и не можат да стасаат дома, за да гласаат, рече лидерот на Левица.

– Ова е свесно, затоа што олигархијата работи за буржоаските партии – ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Тоа е свесно направено со цел да се намали цензусот, но статистички гледано, секогаш, парламентарните избори имаат повисок цензус од претседателските. Очекуваме излезноста да биде поголема за десетина проценти и тоа е намерно така направено за да може само нивната администрација, која е клентелистички настроена, да гласа. Но дури и да работат фабриките, имате време да гласате и нашиот апел е: по работа или пред работа да излезете и масовно да го дадете гласот за Левица – порача Апасиев.

поврзани објави

- Advertisement -spot_img

Последни објави