23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Мицкоски отиде во штабот на Вреди

Како што информира телевизијата, Мицкоски се сретнал со Арбен Таравари, еден од лидерите на Вреди, кој беше и претседателски кандидат на коалицијата. На прашањето од ТВ21 за што се разговарало на средбата, и зошто не биле присутни другите лидери, од Вреди одговориле:

„Поставена е агенда за совладеење, главно насочена кон борба против криминалот и корупцијата. Сите лидери се во целосна координација за средбата, но имаа активности на терен бидејќи се носители на листи во областите“.

„Точно е дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, попладнево имаше средба со Арбен Таравари, на која се разговараше за принципите за можноста за идна коалиција и заедничка соработка“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

поврзани објави

Последни објави