5.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Поранешниот премиер на Косово уапсен во Франција

Претседателот на „Алијансата за иднина на Косово“ и поранешниот хашки затвореник беше уапсен во Франција, по потерницата испратена од Србија, потврдуваат од неговото семејство за косовскиот весник „Зери“. Станува збор за Рамуш Харадинај, а медиумите од Косово јавуваат дека тој во моментот е во притвор, а за оваа случка потврдија и од неговата партија, поточно портпаролот, Исмет Ахмери.

Според медиумите, властите во Франција ги известиле институциите во Косово за неговото апсење, но се уште нема официјална потврда од Министерството за правда.

Харадинај беше уапсен во Словенија во јуни 2015 година, исто така по потерница распишана од Србија. Од страна на Србија се товари за тешки злосторства и убиства во Косово во периодот од 1998 и 1999 година. Рамуш беше водач на ОВК и поранешен премиер на Косово.

Хашкиот трибунал изрече ослободителна пресуда по сите точки на обвинението, кои се однесуваа на злосторства направени од 1 март до 30 септември 1998 година, кога тој беше командир на оперативната зона Дукаџин. Тоа беше второ ослободување на Харадинај од обвиненијата. Претходно, по завршувањето на судењето по обвинение за за направени злосторства на широкото подрачје на западно Косово, Харадинај и Биљај беа ослободени од сите обвиненија и пуштени на слобода, додека Брахимај беше осуден на шест години затвор. Во јуни 2015 кога беше уапсен во Словенија, Харадинај по само два дена беше пуштен и му беше вратен пасошот.

Властите во Белград поднесоа кривични пријави поради сомневања за извршени дела тероризам, здружување поради непријателски дејствувања, тероризам и убивање цивили.

поврзани објави

Последни објави