Многу е лесно да се напаѓа, да се биде опозиција. Многу е тешко да се работи а на Македонија и е потребна работа. Факт е дека граѓаните пратија порака и ја дадоа довербата на ВМРО-ДПМНЕ да ја води државата. Факт е дека Левица ќе дејствува опозиционо. Основната опозиција е СДСМ. Политички некоректно е да се остане на страна и да ги оставите оние кои победија да бидат уценувани од партнерите од етничките заедници, а од друга страна притоа да ликувате. Не е едноставно. Многу полесно е во опозиција. Многу потешко е да сработите конкретни проекти, вели Максим Димитриевски во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.
Тој додава дека ќе бидат коректив и внатре во самата извршна власт и нема да дозволат поигрување со македонските национални интереси.