Денес во Собранието го поднесовме Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа со кој што ќе се изврши преструктуирање и промени на одредени министерства, но и формирање на две нови министерства во Владата.
Ова е предизборно ветување кое што го дадовме на граѓаните и за што од нив добивме огромна поддршка за реализација и спроведување на оваа крупна реформа.
За таа цел, во духот на парламентарната демократија и транспарентноста на целиот процес, денес ги информирав колегите координатори на сите пратенички групи во Собранието, со напомена дека ВМРО-ДПМНЕ стои на располагање на сите заинтересирани пратеници и политички чинители во Собранието за дополнително запознавање со целта, идејата и суштината на овој Предлог закон.
Очекувам и се надевам дека овој Предлог на закон ќе наиде на поддршка од сите пратеници и пратенички групи во македонското Собрание со цел брза реализација и исполнување на она што граѓаните го очекуваат од нас во наредниот период.