Турската полиција ги блокираше сите патишта кој водат кон бугарско-турската граница, во реонот на градот Лозенград, на 50. километри од Мало Турново.
Преземени се силни мерки за безбедност поради информации дека џихадистот кој уби 39 луѓе и повреди над 60 на новогодишната ноќ во клуб „Рејна“ во Истанбул, би можел преку Бугарија да пребега кон Европа.
На влезовите и излезите на градот се распоредени униформирани лица со панцири и автоматски оружна кои ги проверуваат сите автомобили и документи на патниците. Специјалците за борба против тероризмот исто така се разпоредени во оваа област.