28.8 C
Skopje
Friday, June 28, 2024

Камерите во Скопје за само два часа, уловиле 5.000 сообраќајни прекршоци

Се ближи ли крајот на сообраќајното дивеење во Скопје? … Дел од булеварите и улиците во метрополата веќе добиваат „нови очи“ кои ќе ги ловат несовесните возачи, ноќните тркачи по улиците и сите оние кои го загрозуваат својот и животот на околината на било каков начин…

На булеварите се вози брзо, а често не се почитува ниту црвеното светло на семафорите, па во недостаток на полиција и радар, камерите ќе ги документираат овие прекршоци, објави Канал 5.

Од МВР засега не откриваат премногу што се ќе се казнува, бидејќи законот за камерите треба да ја заврши потребната собраниската процедура. Она што е засега познато е дека клучен ќе биде сегментот за брзото возење и поминување на црвено. Сепак, според некои информации, се бара модалитет да се казнува и за не носење на појаси, лошо и опасно престројување, непочитување на сообраќајните знаци.

Новите камери кои се поставуваат во Скопје се дел од проектот „Безбеден град“ кој има за цел зајакнување на сообраќајната безбедност. По завршувањето на сите потребни активности околу овој проект, јавноста ќе биде соодветно известена, велат од МВР и тоа е засега сѐ што откриваат.

Во последниот период сме сведоци на се повеќе сообраќајни несреќи, некои за жал и со трагични последици. Граѓаните велат по улиците чувствуваат повеќе страв отколку безбедност, па ова решение, доколку се спроведе како што треба и функционира добро, тогаш ќе биде полн погодок.

Камерите веќе подлежеа на тестирање, а Канал 5 дојде до информација дека во време на тестирањето во само неколку часа биле забележани повеќе илјади сериозни прекршоци.

поврзани објави

Последни објави