30.8 C
Skopje
Monday, June 24, 2024

Јанкуловска: Груевски немаше храброст, јас поминав три години и храбро се соочив во затвор, не би била повторно во негов тим!

За бегството на Груевски ако има некој кажа јасен став, јас прва кажав што мислев за тоа. Во ниту еден момент не се сложив со тоа што го направи, ниту можам да најдам оправдување. После три години поминати во затвор, сметам дека треба достоинствено да се издржи и да се изнесат противаргументите. Јас тоа го направив. Таквиот негов чекор е немање доволно храброст да се соочите со тоа што ви се случува.

На прашањето ако го сретне што ќе му каже, Јанкуловска вели дека нема што да му каже, туку ќе го поздрави од култура.

– Откако замина Груевски се случија многу работи, ние немаме никаков контакт, вели Јанкуловска.

поврзани објави

Последни објави