30.8 C
Skopje
Monday, June 24, 2024

Јанкуловска за Груевски: Бегството негово не можеше да се реализира без прогледување на прсти од високо ниво на државната власт!

Не го читам Груевски, немам толку време да читам лектири. За што пишува Груевски не ме интересира, не гледам поента ниту во тоа да ги читам, ниту пак гледам поента да пишуваат написи од дистанца. Тој што сака нешто да смени, треба да биде тука и да ги афирмира неговите ставови. Тоа е како сега јас да пишувам за тоа што треба во Кина да се прави.

Ова што е негово однесување визави бегството, судските постапки го прокоментирав и стојам на секој збор. Можам да кажам дека тоа е пресвртница во неговата кариера и еве ќе си дозволам да дадам еден коментар: Мислам дека неговиот кредибилитет ќе беше многу поголем ако останеше овде да се бори заедно со нас.

Мислам дека Груевски си замина со автомобил онака како што луѓето одат на одмор во странство, вели Јанкуловска на прашањето дали верува дека Никола избегал од државата во гепек од автомобил.

поврзани објави

Последни објави